ИСТОРИЈА: Никој како Димитар Караџовски (ФОТО)

По четириесет и пет минутна борба Кожув успеа да го одбрани домашниот терен од Вардар (86-82), а еден од најзаслужните за втората победа на „црвено-белите“ беше Димитар Караџовски. Поранешниот македонски репрезентативец на дуелот испиша историја во мак-баскетот откако стана единствениот кошаркар кој забележал два „трипл-дабл“ учинока на домашната сцена. Мечот го заврши со 15 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Како потсетување, само осум кошаркари во Првата лига успеале да дојдат до „трипл-дабл“ во Македонија. Покрај Караџовски на овој список се наоѓаат уште: Едис Нури, Горан Самарџиев, Тони Симиќ, Горан Главчев, Никола Караколев, Предраг Самарџиски и Адем Мекиќ.

Се вчитува...