Историска победа на „баделки“ во ВАБА-лигата

Кошаркарките на Бадел во третиот обид стигнаа до првата победа во регионалната ВАБА-лига, откако македонскиот вицепрвак заслужено славеше на гостувањето против Бановичи во БиХ со убедливи  57-70.

Како пресудно се покажа одличното прво полувреме во кое македонскиот тим целосно го диктираше темпото, во раната фаза поведе со 6-18, за на одмор да замине со уште поубедливи 20-38. „Баделки“ потоа рутински ја одржаа предноста во второто полувреме, за заслужен триумф на овој натпревар.

Најефикасна во таборот на Бадел беше Ивана Кметовска со 24 поени и 6 скокови, Александра Стојановска реализираше 18 поени, а Цветанка Димовска пак запиша дабл-дабл од 16 поени и 10 скокови (плус три асистенции).

Се вчитува...