Истра се раздели со Филип Антовски

Доскорашниот македонски младински репрезентативец Филип Антовски, не е повеќе дел од Истра. Левиот бек и хрватскиот клуб се разделија, и сега Антовски се враќа во Австрија Виена, чиј член е, а во Хрватска играше како позајмен.

Тој на почетокот на сезоната замина во Истра како позајмен, со можност за откуп, но по само шест месеци тимот од Пула се реши да го врати на австрискиот клуб.

Сега Австрија Виена ќе одлучува што ќе прави со македонскиот фудбалер. Тој нема ниту еден настап за првиот тим на Австрија, туку само неколку за втората екипа.

Се вчитува...