Италијански тенисер 26 години чека за прва победа и влез на АТП листата

Енрико Бекузи е италијански тенисер кој 26 години се обидува да стигне до победа како би успеал да го исполни својот сон и да забележи ранкинг на АТП листата. До ден денес, Италијанецот има изгубено неверојатни 270 натпревари. Последниот настап го имаше на 16. декември на турнир во Турција во игра на двојки каде со својот партнер Емир Сендоган беше поразен од Панин и Зубров. И покрај сите неуспеси Бекузи продолжува со својата мисија.

„Имав девет години кога татко ми ми подари рекет. Оттогаш го засакав тенисот, ударав со топчето по ѕид по цели денови. Израснав гледајќи ги Лендл, Мекенро, Виландер и Конорс. Тенисот е моја страст. Почнав многу доцна да се натпреаврувам, дури на 21 година. Најголема шанса за победа имав 2003 во Софија. Сепак, не се откажувам се додека можам ќе играм тенис и ќе се обидам да се пласирам на АТП листата“, изјави Бекузи. 

Италијанецот кој наполни 47 години вели дека и по паузата поради пандемијата од коронавирусот ќе продолжи да се натпреварува како би стигнал до првата победа во кариерата и ранкинг на АТП листата.

 

Се вчитува...