Италијанците во „готовс“ за новиот Пол Погба

Една од најпретпознатливите фудбалски академии во Франција е Авр, актуелниот француски второлигаш, од кој излегоа голем број на играчи кои се пробија на светската сцена. Авр може да се пофали со Пол Погба, Стив Мандандa, Ријад Марез и Ласана Диара, a сега во своите редови го има и суперталентираниот Јадали Бајо.

Играчот за врска роден во 2005 година се уште нема настап за првата екипа на Авс, но за неговиот потпис има сериозен интерес од италијанските тимови Рома и Аталанта. Според француските медиуми, репрезентативецот на оваа држава до 17 години нема долго да се задржи на северозападот на Франција и веќе ова лето ќе го напушти клубот.

Стилот на игра кој го негува младиот играч потсетува на Пол Погба, па тамошните медиуми го нарекоа „новиот Погба“. Пол Погба замина од овој клуб со само 16 години, па се очекува и младиот Бајо да ги следи неговите стапки.

 

Се вчитува...