Ива Пројковска ќе и суди на Барселона

Нашиот најдобар женски фудбалски судија, интернационалката Ива Пројковска доби уште едно големо признание од страна на Судиската комисија на УЕФА по нејзините годинашни добри арбитражи на меѓународната сцена. Таа ќе биде главен судија на мечот од Лигата на шампиони за жени меѓу Барселона и холандскиот првак ПСВ Ајдховен. Натпреварот ќе се игра на 16 декември.

Ќе и помагаат Елена Соклевска и Вјолца Изеири, четврти судија ќе биде Ирена Велавачковска. Ива Пројковска од 2012 година кога го доби амблемот на ФИФА како меѓународен судија, досега има отсудено 50 натпревари како главен судија на меѓународната сцена и  на 35 како четврти судија.

Инаку според нејзината евиденција од 2006 година кога почна да суди, има отсудено повеќе од 150 натпревари како главен, помошен и четврти судија. Во Македонија суди со голем успех и на натпреварите на машки екипи.

Се вчитува...