Ива Пројковска ќе и суди на Бенфика

Нашата најдобра женски фудбалски судија, интернационалката Ива Пројковска доби ново признание од Судиската комисија на УЕФА бидејќи е одредена да го суди мечот во групната фаза во Лигата на шампионите меѓу првакот на Шведска Розенгард и шампионот на Португалија Бенфика од Лисабон што се игра на 7. декември во Малме.

Ќе и помагаат Вјоса Изеири и Елена Соклевска-Илиевска, четврти судија ќе биде Ирена Велевачковска. На списокот на најпознатите клубови на кои досега им има судено Пројковска: Реал Мадрид, Барселона, Пари Сен Жермен, Олимпик Лион, сега е додадено и името на Бенфика.

Да потсетиме, Пројковска се наоѓа во елитната група на најпознати женски судии во Европа, што е големо признание за судиската организација на македонскиот фудбал. /М.М/

Се вчитува...