Иван Димитровски назад во Пелистер

Екипата на Пелистер по бројните странски засилувања конечно ангажираше и еден домашен ракометар, и тоа младинскиот репрезенативец Иван Димитровски.

Станува збор за 20-годишен играч кој настапува на позицијата лево крило, а во таборот на „пелистерци“ доаѓа од редовите на Вардар јуниор. Токму со неговиот одличен настап за „вардарци“ на дуелот со Пелистер младиот Димитровски го привлекол вниманието на новиот тренер на битолчани, Јошко Петковиќ, кој сега ќе го има овој ракометар на располагање во својот тим.

Иван Димитровски, кој е син на директорот на Пелистер, Златко Димитровски, беше дел од младинската репрезентација на Македонија која го освои златниот медал на ЕХФ шампионатот што летово се одржа во Скопје.

Се вчитува...