Брегалница успеа да осигура исклучително значаен потпис откако штипјани попладнево се пофалија со трансферот на Иван Николов, големото засилување што беше промовирано од страна на градоначалникот на Штип, Иван Горданов.
Николов, кој настапува во средниот ред, со овој трансфер се враќа назад меѓу штипјани откако во претходните неколку сезони настапуваше за Вардар, данскиот прволигаш Сондерјиске како и со Радник од Бјелина во шампионатот на БиХ.
Дебито на Николов за Брегалница се очекува веќе викендов, кога овој тим му гостува на тимот на Струга ТЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
