Горан Иванишевиќ уште еднаш се осврна на својот однос со Новак Ѓоковиќ, и причините за разделбата на почетокот од оваа година по цели пет заеднички години.
А, факт е дека по разделбата со Иванишевиќ, најдобриот светски тенисер минува низ длабока резултатска и играчка криза, се уште чекајќи на својата титула во 2024 година.
„Беше и лесно и тешко да се работи со Новак. Моравме да бидеме тука еден за друг и да останиме заедно. Новак прифаќа само победи, финалиња не се доволни, па затоа и воопшто не му беше лесно. На крај се засити од мене, а и јас од него“ – изјави Иванишевиќ за швајцарски „Аргауер цајтунг“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА