Избегнато ново „црно“ сценарио: Канте во петокот изгубил свест, докторите донесоа добри вести

Фудбалерот за врска на Челси, Нголо Канте, во петокот изгубил свест за време на подготвителниот тренинг во пресрет на дербито против Манчестер сити кое се одигра вчера. Медицинските лица веднаш истрчале на теренот да интервенираат, а набрзо потоа Французинот ја врати свеста. Подоцна му направиле испитувања да ја анализираат здравствената состојба на фудбалерот мислејќи дека се работи за проблеми со срцето, а прегледите за среќа велат дека нема никаква опасност од срцеви заболувања.

Мистеријата е решена зошто Канте не настапи вчера на „Етихад“, италијанскиот стратег не сакал да ризикува откако претходно во текот на денот се прошири веста за трагичната смрт на Давиде Астори. Канте претходно не покажал никакви знаци на потешкотии, ниту пак имал слични проблеми.

Канте денес го издржа целиот тренинг на првиот тим во „Кобам“ центарот, а доколку во следниот период е се во ред, би требало да биде подготвен за дуелот против Кристал Палас во сабота, како и реваншот против Барселона три дена подоцна.

Се вчитува...