Избор на Макфудбал: Најдобриот тим од 6. коло во ПМФЛ!

Шкендија и Шкупи полека веќе се издвојуваат како најсериозни кандидати за шампионската титула во новата сезона. Во драматичен натпревар Шкупи со 4-3 ја победи Ренова, додека Шкендија, се чини, немаше потешка задача против Академија Пандев. Силекс ниже порази, овој пат и од Борец пред своите навивачи.

ЕКИПА го издвојува најдобриот тим од 6. коло во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига, согласно изборот на специјализираниот фудбалски портал МАКФУДБАЛ.МК:

1. БУРХАН МУСТАФА (БОРЕЦ)

Сигурен на голот на велешани, во неколку наврати убаво интервенирајќи овозможувајќи пат за победа во последните секунди на својот тим.

2. ФИЛИП ГЛИГОРОВ (ШКУПИ)

Максимално активен во офанзивата, цврста игра на средината од теренот каде се водеше клучната битка за бодови во пресметката со Ренова.

3. БАИНОР ДА СИЛВА НЕТО (ШКУПИ)

Фудбалерот кој ја донесе посакуваната победа за Шкупи. Буквално во последните секунди погоди за триумф од 4-3 против „гипсарите“.

4. ОЛИВЕР СТОИМЕНОВСКИ (БОРЕЦ)

Покрај дефанзивните задачи, овој пат клучен и во нападот на Борец постигнувајќи еден од погодоци за победа од 1-2 во Кратово.

5. АРБЕР ШАЛА (РЕНОВА)

Еден од позабележителните во таборот на Ренова. Го постигна и најубавиот погодок на колото со шут од 35 метри, но сепак не успеа да овозможи избегнување на поразот за својот тим.

6. ЈАКУП БЕРИША (ШКУПИ)

Уште еден фудбалер во тимот на колото од најдобриот натпревар во оваа рунда. Бериша одлично одигра во средниот ред, сето тоа заокружувајќи го и со погодок во победата на Шкупи.

7. ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВ (БОРЕЦ)

Човекот на одлука на натпреварот меѓу Силекс и Борец во Кратово. Постигна извонреден погодок буквално во последната секунда за победа на велешани.

8. МИЛОШ ТОШЕСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Кога се чинеше дека „романтичарите“ нема да може да го избегнат поразот од Струга ТЛ убаво се снајде пред противничкиот гол носејќи бод за својот тим.

9. БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)

Ја донесе победата за Шкендија. Стрелец на двата погодици за трите бода од пресметката со „пандевци“.

10. АБДУЛ БАСИТ КАЛИД (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Играч на натпреварот во триумфот на „лавовите“ против Вардар. Стрелец на двата гола за победа од 2-1.

11. АЛДАИР НЕТО (ПЕЛИСТЕР)

Ја најави победата на Пелистер во Струмица. Постигна прекрасен гол директно од слободен удар со кој битолчани почетно го скршија отпорот на Беласица.

Се вчитува...