Избран идеалниот тим во ЛШ, фудбалер на сезоната Карим Бензема

Реал Мадрид ја освои рекордната 14. титула во Лигата на шампионите, па очекувано е што во тимот на сезоната во елитното натпреварување се наоѓаат најмногу фудбалери од „кралскиот клуб“.

Капитенот на тимот, Карим Бензема заслужено е избран за најдобар играч, а друштво му прават соиграчите: Винисиус Жуниор, Тибо Куртоа и Лука Модриќ. Финалистот Ливерпул исто така има четири фудбалери меѓу најдобрите: Ван Дајк, Арнолд, Робертсон и Фабињо.

Место во идеалниот тим има уште и за: Ридигер од Челси, Де Брујне од Манчестер сити и Мбапе од Пари Сен Жермен.

 

Се вчитува...