Избрани јуниорите за ЕП: Тео Симиќ ќе ја предводи Македонија

Селекторот на јуниорската репрезентација на Македонија, Тони Симиќ, го објави списокот на кошаркари со кои ќе го започне официјалниот дел од подготовките за ЕП што ќе се одржи во Измир, Турција, од 30 јули до 7 август.

Прва „ѕвезда“ на македонскиот состав дефинитивно ќе биде Тео Симиќ, центарот на Барселона кој собра и неколку настапи за сениорскиот состав, но летово ќе ги предводи јуниорите во обид да остварат што подобар пласман.

Првиот собир на машката јуниорска репрезентација е закажан за в среда (15. јуни) во малата сала на Кале со почеток во 18:00 часот.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

  1.  Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија
  2. Андреј Шошкиќ – Работнички
  3. Василиј Србиноски – Работнички
  4. Виктор Стојковски -МЗТ Скопје Аеродром
  5. Тома Стојаноски – Гостивар
  6. Метин Саити – Работнички
  7. Петар Бошалески – Работнички
  8. Марко Трипуноски – Работнички
  9. Рубин Стефанов – Канту, Италија
  10. Ненад Јовановиќ – Стела Азура, Италија
  11. Петар Башоски – СБА Академија, Шпанија
  12. Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром
  13. Алек Петкоски – Вардар
  14. Христијан Тодороски – Еуро Никел 2005
  15. Лука Димитриевски – МКК Куманово
  16. Павел Иванов – Вардар
  17. Стефан Гоцевски – Работнички
  18. Михаил Стојанов – ТФТ Скопје

Се вчитува...