Избрани нови селектори во кошаркарските младински селекции

По неколку одржани состаноци, Стручниот Совет донесе одлука за назначување на селектори на младинските репрезентации кои во 2019 година ќе учествуваат на Европски првенства (дивизија А и дизивија Б). Селекцијата за кадети до 16 години, која ќе учествува на ЕП – А дивизија, ќе биде предводена од Денис Дервишевиќ. За нов кормилар на младинската селекција е именуван Дарко Радуловиќ од Вардар, а предводник на селекцијата за кошаркари до 18 години е Михаил Наумовски.

М20 мажи
Селектор: Дарко Радуловиќ
Помошен тренер: Николче Божиновски
Ментор: Бранко Андриевски

 

М18 мажи
Селектор: Михаил Наумовски
Помошен тренер: /
Ментор: Александар Петровиќ

 

М16 мажи
Селектор: Денис Дервишевиќ
Помошен тренер: Александар Ашаданов
Ментор: Марјан Лазовски

 

М18 жени
Селектор: Игор Гацов
Помошен тренер: Златко Мокров
Ментор: Зоран Балов

 

М16 жени
Селектор: Виолета Здравковиќ
Помошен тренер: Ведран Белешковски
Ментор: Жаклина Стојановска

Се вчитува...