Излив на емоции – радост и тага: Јармоленко постигна гол, а потоа солзи… (ВИДЕО)

Како ретко кога еден погодок на европските фудбалски терени предизвик толкав излив на емоции, измешана радост и тага како погодокот на Андреј Јармоленко за Вест Хем во Премиерлигата.

Јармоленко ги пропушти последните четири натпревари на Вест Хем поради воениот напад на Русија на Украина, а враќањето на теренот ќе го памети целиот живот.

Откако постигна погодок во триумфот на Вест Хем над Астон Вила од 2-1, ги подигна рацете во воздух, се заблагодари на поддршката од соиграчите и навивачите притоа не криејќи ги и солзите.

„Гол за Вест Хем, гол за Украина“ – нагласи и официјалниот спикер на мечот за време на прославата на погодокот.

Одлучноста на Јармоленко да заигра и да се фокусира на фудбалот многу зборува и за менталната снага…

„Беше многу емотивно за мене, затоа што знаете каква е ситуацијата во мојата земја. Ова е гол за Украина“ – рече Јармоленко по крајот на мечот.

Се вчитува...