Изненадувачка вест од Шпанија: Роналдо понуден на Барселона, Јувентус сака да се ослободи од Португалецот

Повеќе од шокантна вест пласираше Би-би-си повикувајќи се на сигурни извори од Шпанија, пренесувајќи дека Јувентус итно сака да се ослободи од Кристијано Роналдо поради неговата огромна плата нудејќи го на неколку клубови, меѓу кои и Барселона.

Роналдо годишно заработува 57 милиони евра, а бидејќи е во 35-та година од животот Јувентус е подготвен да го пушти како би го ослободил буџетот за плати. Но, ниту Барселона не е во подобра ситуација кога е во прашање платата. Сепак, од каталонскиот тим, наводно, истакнале дека сакаат да размислат како во еден тим би биле заедно Меси и Роналдо.

Ниту португалскиот фудбалер не би имал ништо против заминување од Јувентус со оглед на огромната разочараност од испаѓањето во Лигата на шампионите. Според „Би-би-си“ и Роналдо веќе не верува дека Јувентус може нешто плус да му понуди.

Се вчитува...