Изненадувачки: Турција ни го „краде“ Елиф Елмас!?

Крајно изненадувачки вести пренесуваат денеска дел од турските медими поврзани со еден од најголемите македонски фудбалски таленти, 18-годишниот фудбалер на Работнички и младински репрезентативец Елиф Елмас.

Како што пренесува турскиот „СпорХ“, главниот менаџер на националните селекции на Турција, Фатих Терим, задолжен за потрага по млади таленти од Европа со турско потекло кои треба вистински да донесат свежина во сениорската репрезентација, е цврсто решен во националниот дрес на Турција да го донесе Елиф Елмас.

„Терим и неговите соработници добиле одврзани раце од Турската фудбалска федерација но и од Владата да ги преземат сите активности за ангажман на Елиф Елмас и негова придобивка за настап веднаш во сениорската репрезентација на Турција“ – пренесува „Спорх“.

Print skrin 1

Турците во детали го опишуваат Елмас како еден од најголемите таленти во фудбалска Европа кој и е неопходен на Турција во иднина…

„Елмас е фудбалер договорен од холандски Херенвен кој во моментов настапува за Работнички. Веќе е ангажиран во младата репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, а интерес за неговите услуги постои и од англискиот гигант Манчестер сити. Наредниот период дефинитивно ќе има одлучувачка акција од Турската федерација за придобивање на огромен талент како Елиф Елмас“ – пишува „СпорХ“.

Print skrin 2Од Турската фудбалска федерација, покра Елмас, ќе се обидат да ангажираат уште еден млад талент со турско потекло, Ервин Чумарт од Швајцарија.

Елмас, како што е познато, веќе има настапи во младата селекција на Благоја Милевски, и треба да биде носечка алка на тимот за следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП во Италија. Но, 18-годишниот Елмас досега нема настап за сениорската репрезентација на Македонија, поради што се уште има простор за промена на националниот дрес.

Се вчитува...