Според турските медиуми, Мохамед Салах и Бешикташ водат сериозни преговори. Напаѓачот неодамна го напушти Ливерпул по девет многу успешни години и сега е во потрага по нов клуб.
Иако сите очекуваа тој да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, би можел да ги изненади сите и да замине во Турција. Бешикташ му испрати профитабилна понуда на египетскиот напаѓач, која сепак е пониска од она што би можел да го заработи во некој од клубовите од Саудиска Арабија што покажаа интерес за него, но поради неколку причини, тој е подготвен да преговара со Турците.
Првата и основна причина е тоа што тој не сака да ги напушти тековите на европскиот фудбал, бидејќи смета дека би можел да замине подалеку на исток за да игра по две или три сезони.
Турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу тврди дека тој се согласил на намалување на платата и дека менаџерот на Салах веќе е во Истанбул и преговара за другите детали од договорот.
„Бешикташ ја достави својата прва понуда до Мохамед Салах. На првичната средба, Салах, кој првично бараше годишна плата од 15 милиони евра, ги намали своите барања за да му се приклучи на Бешикташ. Агентот на играчот пристигна во Истанбул. Се уште не знаеме точно каде Салах ќе ја продолжи кариерата, но тоа би можеле да го дознаеме многу наскоро“, објави турскиот новинар, алудирајќи на постигнување договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
