Извонредна партија на Ристовски, повредата на Адеми – загрижувачка за Македонија

Една добра и една лоша вест од дуелот меѓу Тотенхем и Динамо Загреб во Лигата на Европа за македонската репрезентација и селекторот Игор Ангеловски пред мартовскиот старт на квалификациите за СП 2022.

Извонредна партија на Стефан Ристовски кој според хрватските и англиските медиуми е еден од најдоброоценетите фудбалери на дуелот.

„Секоја чест за Ристовски кој покрај офанзивата, одигра одлично во одбраната целосно неутрализирајќи го еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем, Сон“ – пишуваат хрватските медиуми.

Но, разочарувачка е веста за повредата на Аријан Адеми кој во 90.минута принудно мораше да ја напушти играта. Денеска Адеми го очекуваат детални прегледи по што ќе биде позната тежината на повредата и дали ќе го пропушти мартовскиот репрезентативен собир.

Се вчитува...