Јирген Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк како сопруга што го чека мажот од затвор

Повредата на дефензивецот на актуелниот англиски шампион Ливерпул, Вирџил Ван Дајк се покажа како особено сериозна, тој ќе мора да операција, а потоа во најцрното сценарио  ќе ја пропушти целата сезона. Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп соочен со овој тежок проблем успеа да најде духовит одговор на прашњето за отсуството на централниот дефанзивец.

„Ќе го чекаме Ван Дајк, како што верна сопруга го чека својот маж кога ќе излезе од затвор“ – вели Клоп.

Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд е виновникот за повредата на Ван Дајк, тој не беше санкционира ниту за време на мечот, а ФА на Англија денеска соопшти и дека нема можност за реакција во случајот.

Се вчитува...