Ја оправда довербата и доби договор – Савевски е нов селектор на женската репрезентација

Љубомир Савевски – Цевак од денеска и официјално е именува за нов селектор на женската репрезентација, како и за координатор на националните селекции во женска конкуренција.

Савевски неодамна беше именуван за ВД-координатор, но по одличните игри и резултати на младинските селекции под негово водство беше донесена одлука тој да добие перманентен договор како прв човек на женскиот репрезентативен ракомет. Договорот е потпишан на период од две години, со што Савевски ќе ја предводи и сениорската репрезентација на европскиот шампионат што ќе се одржи следната година, на кој Македонија ќе учествува како една од земјите-домаќини.

„Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 27.08.2021 година донесе Одлука за именување на досегашниот Координатор на женски национални селекции г-дин Љубомир Савевски за Селектор и Координатор на националните селекции во женска конкуренција. Г-динот Љубомир Савевски функцијата Координатор на националните женски селекции ја извршување во време период јуни – август 2021 година на Шампионатите кои се одржуваа во Скопје и Клаипеда, каде имаше извонреден успех со генерацијата U-17 кое се одржуваше во Литванија,освојувајќи го првото место. Г-динот Љубомир Савевски започнувајќи од септември 2021 година функцијата за која е  именуван ќе ја извршува за период од две години“, се вели во соопштението на Ракометната Федерација на Македонија.

Се вчитува...