„Ја видов Серена гола во соблекувалната, се шокирав…“

Романката Александра Каданту никогаш не стана дел од светската тениска елита, врв и беше искачувањето на 59. место на ВТА-листата во 2014 година. Таа учествуваше на неколку гранслем турнири, има и една победа (на Вимблдон во 2013), но како што самата открива, цел живот ќе го памети настапот на Австралија Опен против Серена Вилијамс.

Не поради случувањата на теренот и претрпениот пораз, туку по она што се случило по мечот, кога се упатила во соблекувалната.

„Тоа ми беше првиот гранслем во кариерата, играв во Мелбурн, што е навистина специјално доживување. Сепак, турнирот не го паметам по настапот, туку по дуелот со Серена Вилијамс. Влегов во соблекувалната и таа беше целосно разголена. Изгледаше неверојатно, толкави облани, а толку добро се движеше по теренот. Искрено, бев шокирана“, открива Каданту.

Се вчитува...