Ја зарази ли Ѓоковиќ и мајката на Дражен Петровиќ?

Позитивниот тест на Новак Ѓоковиќ не беше преголемо изненадување на спортската јавност, но Хрватите веднаш по информацијата се навратија на движењето на Србинот низ Задар во претходните денови.

Во контакт со Новак и со останатите тенисери заразена е една спортска новинарка, потоа едно дете кое се поздравувало и се фотографирало со Ѓоковиќ, а хрватската јавност стравува дека прворангираниот светски тенисер би можел да ја зарази и Бисерка Петровиќ, мајката на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ.

Новак и Бисерка имаа заедничка средба во хрватскиот град пред почетокот на турнирот во Задар, а мајката на Дражен му подари на Ѓоковиќ дрес од својот син, прегрнувајќи го прворангираниот светски тенисер.

„Немам никакви симптоми. Веднаш штом слушнав за позитивниот тест на Новак побарав да се тестирам, ми рекоа да почекам. Зборував со епидемиолози, останувам во самоизолација, цело време мерам температура, но засега немам симптоми“, откри Бисерка Петровиќ во изјава за хрватскиот весник „24 Сата“.

Се вчитува...