Јагуриновски: Повеќе го сакавме трофејот, но со толку грешки во нападот…

Охрид има за што да жали. Во финалниот меч против Вардар, охриѓани имаа „зицер“ да го однесат мечот во продолженија, но не успеаја да реализираат.

„Црвено-црните“ на крајот дојдоа до трофејот, а Охрид ќе бара друга шанса да дојде до прв трофеј од ова натпреварување.

Томи Јагуриновски смета дека преголемиот број грешки во нападот биле пресудни за победникот од овој дуел.

„Сакам да и честитам на екипата на Вардар на освоениот Куп. Можеби ние повеќе го сакавме трофејот, но со доста наши грешки во нападот и доста промашени шутеви, до некаде заслужено што Вардар го освои трофејот“, рече Јагуриновски.

Се вчитува...