Јаховиќ повторно стрелец за Гезтепе

Македонскиот фудбалски интернационалец Адис Јаховиќ продолжува со одлични игри во дресот на турскиот второлигаш Гезтепе. Тој го одржува својот голгетерски ритам и беше стрелец на еден погодок во ремито (2-2) што неговиот тим го одигра против Газијантеп на домашен терен.

Јаховиќ беше стрелец од пенал во 75.минута кога го доведе Гезтепе во водство од 2-1, но неговата екипа немаше среќа, со оглед дека Газијантеп израмни во шестата минута од судиското продолжение на овој меч.

Се вчитува...