Јакимовски претставен во Наполи: Доаѓам во клуб со топ-тренер и страствени навивачи

Андреј Јакимовски имаше одлична сезона во Тренто, по што македонскиот репрезентативец беше максимално атрактивен на пазарот, одбивајќи дури и понуда од евролигашот Валенсија за да остане во италијанското првенство.

Наполи е тимот што излезе како победник од трката по Македонецот, Јакимовски веќе одработи значаен дел од подготовките со новата екипа, а синоќа беше и официјално претставен како нов член на „наполитанците“.

„Воопшто не се сомневав околу изборот на овој проект. Го знам Наполи, играв во оваа сала како гостин лани и знам колку е исполнет со страст овој клуб, со една од најдобрите фан-бази во цела Италија. Имаме квалитетен ростер со одлични кошаркари и верувам дека можеме да стигнеме далеку, како во домашното првенство така и во Еврокупот. Тренерот Репеша е одличен стратег и дефинитивно беше еден од клучните фактори за да ја прифатам оваа понуда. Како што реков, Наполи е сериозен кошаркарски проект и верувам дека ќе можеме да ги оствариме зацртаните цели“, истакна Јакимовски.

Се вчитува...