Јакупи за малку без полуфинале на СП, запрен во четвртфиналето во Мадрид

Берат Јакупи не успеа да се избори за полуфинале на Светското првенство во карате кое се одржува во Мадрид, Шпанија.

И покрај трите одлични победи во елиминациските рунди, Јакупи беше запрен во четртфиналето од Казахстанецот Даниар Јадушев губејќи со 0-5. Македонскиот каратист не успеа да дојде и до репасаж потоа бидејќи Јадушев загуби во полуфиналето од Украинецот Чоботар.

Во борбата за полуфинале загуби и Азис Исмаил со 1-4 од Русинот Бесален Мизов. Исмаил сега ќе се надева на репасаж доколку Мизов успее да се пласира во финалето.

На Светското првенство учествуваат 1251 натпреварувач од 140 земји во светот. Шампионатот е најголема шанса за доближување до Олимписките игри во Токио 2020 година, односно за најголем скок на ВКФ ранг листата, за која бодувањето почна од Азиските игри и продолжи низ двете кола од Премиер лигата.

Се вчитува...