Ламин Јамал нема дилеми околу тоа кој треба да ја освои овогодишната „Златна топка“. Младиот ас на Барселона смета дека изборот практично се сведува на него и на Килијан Мбапе, но верува дека тој го има најсилниот аргумент за престижната награда.
„На кого би му ја доделил ’Златната топка’? Само двајца играчи се издвојуваат како најдобри во светот, а тоа се Килијан Мбапе и јас. Сепак, оваа година јас ја заслужувам наградата“, изјави Јамал.
Сепак, тој смета дека неговиот настап на Светското првенство можел да биде многу подобар. И покрај освојувањето на светската титула, тој не е задоволен од своето издание.
„За кој било друг играч, сите би рекле дека тоа било одлично Светско првенство. Но не и за мене. Не сум задоволен од тоа како играв. Постојат великани како Меси, Кристијано, Марадона… Но, не мислам дека некогаш некој освоил толку многу на толку млада возраст како мене. Тука беше Пеле, но во поново време никој. Многу луѓе мислат дека поради ова ќе се опуштам, но тоа нема да се случи. Знам дека морам да направам уште многу за да останам во историјата на фудбалот“, заклучи Јамал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
