Јамал: Кој разбира фудбал, знае зошто јас треба да ја освојам „Златната топка“

Ламин Јамал не крие дека сонува да ја крене „Златната топка“ за изминатата сезона, а младиот бисер на Барселона смета дека тој е логично решение за оваа врвна индивидуална награда.

„Сите што гледаат фудбал и кои го разбираат овој спорт добро знаат кои се моите аргументи, зошто тврдам дека треба да ја освојам Златната топка“, вели Јамал.

Тој стигна до титулата во Ла Лига со Барселона, но многу позначајно е што со Шпанија се закити со трофејот светски шампион.

„Во последно време успеав да освојам многу трофеи со Барса, но и оној најважниот – титулата светски шампион со Шпанија. Сакам да продолжам да освојувам и индивидуални награди. Тоа е мојата желба, секогаш да освојувам нешто… Кога ќе ја освојам првата Златна топка, ќе сакам да имам уште 4 или 5 такви награди. Едноставно, таков сум, амбициозен“, истакнува бисерот на Барса.

„Разбирам дека секој има свој аргументи, некој ќе каже дека Меси треба да освои, друг ќе го посочи Родри… И сето тоа е во ред, ќе видиме кој ќе победи на крајот, а без оглед на исходот годинава, јас секако ќе сакам пак да бидам најдобар и во 2027“, додава Ламин.

Се вчитува...