Младиот ас на Барселона, Ламине Јамал, не го криеше своето задоволство од исходот на дербито меѓу Атлетико и Реал во кое „јорганџиите“ славеа со 2-1. Јамал остави коментар составен од пет експлозивни емотикони на објавата на Инстаграм на соиграчот од репрезентацијата, Марко Пубиљо, кој сподели фотографија од дербито по победата на Атлетико.
Тој потег веднаш привлече големо внимание од навивачите, а коментарот за кратко време предизвика бројни реакции.
Но, реакцијата на Јамал не изненади многумина, бидејќи неодамна во интервју со легендарниот Хорхе Валдано призна дека ги следи натпреварите на Реал Мадрид и ужива кога кралскиот клуб губи.
„Ги гледам натпреварите на Реал Мадрид и уживам гледајќи ги нивните порази“, рече 19-годишниот напаѓач на Барселона.
Lamine Yamal comments on Marc Pubill’s post. https://t.co/I3xuEOtr3K pic.twitter.com/Trqjc2gfN3
— Atletico Universe (@atletiuniverse) September 20, 2026
По уште еден пораз од заколнатите соперници, се чини дека пет емотикони беа доволни за дополнително да го поттикнат ривалството меѓу Барселона и Реал Мадрид и да предизвикаат бура меѓу навивачите на социјалните мрежи.
А, во меѓувреме, Реал е насочен кон судиите верувајќи дека е сериозно оштетен на теренот на Ванда Метрополитано. „Кралевите“ моментално се на четвртото место со 15 бода и веќе заостануваат шест бода зад лидерот Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
