Јани Атанасов потпиша за полската Краковија (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов официјално својата кариера ја продолжува во полскиот прволигаш Краковија.

23-годишниот Атанасов денеска потпиша договор со Краковија до јуни 2026 година, за што Хајдук, како што информираа претходно хрватските медиуми, ќе добие 300.000 евра.

Атанасов, кој фудбалски потекнува од школата на Академија Пандев, за Хајдук запиша 69 настапи во изминатите 2,5 години колку што беше дел од сплитските „бели“. Во минатото беше дел и од турскиот суперлигаш Бурсаспор.

„Сакаме да се заблагодариме на Хајдук Сплит за сè што направија за Јани и нивната улога во фудбалскиот развој на нашиот фудбалер. Почувствувавме дека е вистинско време тој да го направи следниот чекор во кариерата и му посакуваме многу среќа сега во Полска“ – истакна менаџерот на Атанасов, Никола Ѓошевски, по потпишувањето на договорот со Краковија.

Краковија во моментов е осмопласирана екипа во шампионатот на Полска.

Се вчитува...