Јани Атанасов пред трансфер во Краковија, Хајдук добива 200-300 илјади евра

Јани Атанасов дефинитивно ќе замине од Хајдук оваа зима, а според хрватските медиуми, македонскиот интернационалец е блиску да ги засили редовите на полска Краковија.

Атанасов не беше на подготовките на сплитските „бели“ во Истра, а неговото заминување го најави и спортскиот директор на Хајдук. На репрезентативецот на Македонија му истекува договорот на лето, а Хајдук за неговите услуги ќе добие 200-300 илјади евра.

За Хајдук запиша 69 настапи во изминатите 2,5 години колку што беше дел од Хајдук. Во минатото беше дел од Бурсаспор. Се шпекулираше дека може да замине во Селтик, но тој трансфер не се оствари. Се споменуваше и Португалија.

Краковија во моментов е осмопласирана екипа во Полска. Тој би требало да добие четиригодишен договор во овој тим.

Се вчитува...