Јанис Адетокумбо – кошаркар на годината во Европа

Грчкиот репрезентативец Јанис Адетокумбо е најдобар европски кошаркар за 2018 година, во изборот што традиционално го организира италијанскиот весник „Газета дело спорт“.

Вообичаено, во гласањето учествуваа кошаркарски тренери, менаџери, новинари и играчи од 33 различни земји, а ѕвездата на Милвоки бакс доби само шест гласа повеќе од второпласираниот Лука Дончиќ. Адетокумбо собра вкупно 134 гласа, Дончиќ имаше 128, а на третата позиција се најде Никола Јокиќ.

Ланската година главен лауреат беше Горан Драгиќ, по освоената титула европски првак со селекцијата на Словенија на Евробаскет 2017.

Се вчитува...