Јанков потпишува за казахстански Каспиј

Каспиј Актау од Казахстан најверојатно ќе биде новиот клуб на голманот Ристе Јанков. Третиот репрезентативен голман со овој трансфер почнува интернационална кариера.

Јанков, кој е дете на Работнички, и член на сениорскиот тим на „романтичарите“ во последните неколку години, беше пред потпис со Војводина од Србија, но на крајот трансферот пропадна поради тоа што не беа договорени условите.

Освен Каспиј, за Јанков имаше интерес и од Бугарија, но на крајот ќе брани во првенството на Казахстан. Инаку Каспиј е тим кој играше пријателски меч со Борец зимава, и го загуби со 0-1.

Се вчитува...