Јанкуловска: Треба да научиме многу од грешките, ќе дадеме се од себе за дуелот со Романија

Македонија вечерва го запиша и вториот пораз на ракометното Европско првенство, овојпат од Холандија (15-30).

Ангела Јанкуловска даде свој коментар по крајот на натпреварот, истакнувајќи дека мора да се извлече лекција по ваквиот пораз.

„Холандија е светски шампион и еден од главните фаворити на овој турнир. Тие ги искористија нашите грешки и ги претворија во нивна предност. За мечот со Романија ќе дадеме се од себе, мораме да научиме од грешките“, изјави Ангела Јанкуловска.

Се вчитува...