Јансруд повторно најдобар на супервелеслаломот во Лејк Луис

Кетил Јансруд ја продолжи норвешката доминација на супервеласлаломските трките од Алпскиот светски скијачки куп во кандаскиот Лејк Луис. Славеше на првата трка од оваа дисциплина сезонава и врза два последовни успеси на оваа патека во две години по ред.

Со неговиот успех продолжи традицијата тој и Аксел Лунд Свиндал постојано да победуваат во Лејк Луис во супер-џи од 2011 година. За Јансруд ова е 22 победа во кариерата, 12 во супевелеслалом.

Вторто место со 14 стотинки заостанување го освои Австрецот Винсент Крихмаер, третопласиран заврши Швајцарецот Мауро Кавиецел.

Следна дестинација за скијачите е Бивер Крик каде в петок ќе има исто така супервелеслаломска трка, в сабота спуст, а в недела велеслалом.

Се вчитува...