Јансруд шампион во спуст, идеален крај за Свиндал

Норвешкиот тандем Кјетил Јансруд и Аксел Лунд Свиндал го одбележа спустот на Светското алпско скијачко првенство во Оре. Јансруд го освои златниот медал (1.19.98 минути) откако беше само две стотинки побрз од легендарниот сонародник кој со ова сребро ја завршува богатата кариера.

За Свиндал ова е деветти медал од светските првенства. Во историјата заминува како еден од најсупешните скијачи на сите времиња.

Австриецот Винсент Крихмаер засега е најуспешниот скијач на шампионатот. Бронзата од супервелеслалом ја дополни и со уште еден бронзен медал во спуст.

Претендентот за највисок пласман Доминик Парис заврши на шестата позиција, а медалите му се лизнаа на досегашниот шампион Беат Фојц, кој на крајот го освои четвртото место.

Шампионатот продолжува утре со женската трка во спуст, а скијачите в понеделник ќе се борат за алпска комбинација.

Се вчитува...