Јасен Петров го знае почетниот состав: Офанзивно во 4-3-3 со желба за триумф

Селекторот на бугарската репрезентација, Јасен Петров веќе го знае почетниот состав за денешната пресметка со Македонија на стартот од Ц-лигата во Лигата на нации.

Петров, поради повреди нема да може да смета на досега стандардните Радослав Кирилов, Георги Јомов и Еди Јорданов, па веќе се знае изборот за првите единаесет.

Според најавите, во формацијата 4-3-3, во одбраната пред голманот Николај Михаилов се очекува да бидат Антон Недалков, Андреа Христов, Иван Турицов и Петко Христов.

Во средниот ред, Филип Крастев ќе биде замената за Кристијан Малинов кој е повреден, заедно со Ивајло Чочев и Тодор Неделев, а во нападот ќе бидат Миланов и Десподов на крилните позиции заедно со Атанас Илиев како централен офанзивец.

Се вчитува...