Јасен Петров: Не одигравме на ниво, правевме многу индивидуални грешки

ЕКИПА во Разград,

Владимир Булатовиќ

Селекторот на Бугарија, Јасен Петров истакна дека неговата селекција не одиграла на посакуваното ниво на денешниот дуел на кој неговите избраници имале многу индивидуални грешки што дозволиле простор на македонската репрезентација.

„Мислам дека не одигравме на нивото на кое посакувавме. Имавме одредени проблеми, некои потфрлија но факт е дека градиме нова репрезентација. Направивме многу индивидуални грешки на средината од теренот и му дозволивме на противникот да развива игра. Знаевме дека не чека тежок противник, знаевме дека Македонија има селекција која долго ја гради и тоа носи резултати. Ете и голот го примивме по наша грешка и на крај тоа ни ја украде победата“ – истакна Петров на прес-конференцијата по мечот, и дополни:

„На крајот на краиштата имаме уште пет натпревари во групата. Ние имаме еден бод а и Македонија има еден, така да треба да го дадеме максимумот до крајот и да дојдеме до посакуваното прво место“.

 

Се вчитува...