Jaшари: Емотивно сум врзан за Македонија но мојата репрезентација е само Швајцарија!

Фудбалерот на Милан, Ардон Јашари сосема јасно ќе ја преземе улогата на плејмејкер во редовите на швајцарскат репрезентација на местото на отсутниот Гранит Џака на утрешниот натпревар против Македонија на стартот од новата сезона во Лигата на нациите.

Новата улога на Јашари ја потврди и швајцарскиот селектор Мурат Јакин.

„Верувам дека е достоен за задачата. Тренираше многу добро во текот на светското првенство и би сакал да го користам почесто на таа позиција. Ардон ги има вештините. Сега зависи од него“ – рече Јакин на пресот во Скопје, на кој присуствуваше токму и самиот Јашари.

Интересно, за Јашари, ќе биде, сепак, посебен натпревар ако се знае дека неговите родители се токму од Македонија, иако тој  роден во Швајцарија, а дел од неговото семејство сè уште живее во нашата земја.

„Многу членови на семејството ќе бидат на стадионот во Скопје, ќе биде емотивен натпревар за мене бидејќи моите родители се од тука. Но секако и прекрасен натпревар за мене. Знам дека во минатото и Македонија сакаше да играм за репрезентацијата, но за мене постои само швајцарската селекција. Сакам да му помогнам на тимот со моите вештини и сум решен да го добиеме натпреварот против Македонија“, истакна Јашари.

Се вчитува...