Јасин Љама единствен кој со борба дојде до титула

Охрид изминатиот викенд беше домаќин на 26. државно поединечно првенство во бокс за деца, кадети, јуниори и сениори. Во сениорска конкуренција се одржа една борба, Јасин Љама од БК Чаир во категоријата 60 кг го победи Оран Шаќироски од БК Пелистер 2007 со одлука на судиите, резултатот 3-0. Во оваа конкуренција не се одржаа борбите меѓу Гоце Јанески од Аперкат и Харис Рамадани од Чаир, поради повреда на Јанески, титулата државен првак му припадна на Рамадани во категоријата до 75 кг.

Поради повреда на Али Аземи од Шкендија Но Лимит, победник во категоријата до 81 кг е репрезентативецот Арсим Етеми од БК Алексо Огеновски.

Во јуниорска конкуренција шампиони станаа, Ѓоше Ѓошев од Пинк Пантер Тим во категоријата 60 кг, Елми Алими од БК Чаир во категоријата 64 кг, Рамон Казимов од БК Пелистер 2007, категорија 69 кг, Александар Ристовски во категоријата 75 кг од екипата на Шкендија Но Лимит и Хурмет Јонузов од БК Шкупи во категоријата 81 кг.

Пет борби се одржаа во кадетска конкуренција, Хади Шехаби од Шкендија Но Лимит победник во категоријата 52кг, браќата Илхан и Ајхан Озмен од БК Универзалци победија во категориите 63 и 70 кг, Ресул Мамудов од БК Пинк Пантер Тим победи во категоријата 66 кг, Ардијан Аземи победник во +80 кг.

Во најмладата конкуренција, деца, се одржаа четири борби, победници станаа, Енес Алиу од БК Алексо Огненовски во категоријата 48 кг, Зија Мамудов од Пинк Пантер Тим во категоријата 54 кг и Муарем Мухареми од Шкендија Бокс во категоријата 80 кг.

Се одржа борба и во женска конкуренција, во категоријата 48 кг, победи Марија Мацеска од БК Алексо Огеновски против Сандра Ѓорѓиева од Пинк Пантер Тим со 3-0.

Се вчитува...