Јасно е кои играчи ќе го напуштат Манчестер Сити ова лето

После поразот од Тотенхем на домашен терен со 0-2, станува јасно кои играчи на Манчестер Сити ќе го напуштат клубот ова лето. Тоа се играчите кои не успеаја да најдат свое место во екипата.

Така во тимот на Пеп Гвардиола, немаше место за Мануел Аканџи, Илкај Гундоган и Савињо, со што само се подгреаја шпекулациите за нивно заминување од тимот.

Првите двајца се на „мета“ на Галатасарај, додека Савињо се поврзува токму со трансфер во Тотенхем, кој ја бара замената за Сон кој замина во САД. Исто така веќе подолго време се шпекулира и за заминвање на голманот Едерсон, кој исто така се поврзува со Галатасарај, со оглед дека тој се врати после прележаната болест, но не беше на голот на Сити.

Се вчитува...