Кошаркарот Дарен Колисон кој изненадувачки минатото лето се повлече од НБА лигата нема да се врати на паркетот и покрај заинтересираноста од двата клуба од Лос Анџелес. Колисон размислуваше за враќање во најсилната кошаркарска лига во светот, но ги извести заинтересираните тимови дека не е подтготвен за таков чекор.
„И понатаму ја сакам кошарката, но знам дека има нешто поважно. Тоа се моето семејство и мојата вера. Еден сум од Јеховините сведоци и верата многу ми значи. Ми носи радост моментот кога волонтирам ширум светот и помагам. Тоа чувство не може да се спореди со ништо“, изјави Колисон.
Минатата сезона во дресот на Индијана, Колисон просечно бележеше по 11 поени и 6 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА