Јелана Ѓоковиќ открива: Новак беше решен да се пензионира, плачевме сите!

Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена открива дека нејзиниот сопруг пред две години бил цврсто решен да стави крај на кариерата.

„Се случи тогаш тој грд пораз од Роберто Баутиста во Мајами, претходно и од Колшрајбер на Индијан Велс. Во еден момент не собра целото семејство и сите сонародници и едноставно кажа дека заврши со тенисот. Го гледавме сите во шок, не можевме да веруваме што слушаме. Му се обрати на еден од соработниците, Едуардо, и му рече да ги извести спонзорите и да биде искрен со нив“ – се сеќава Јелена на тие тешки моменти, и дополнува:

„Плачевме сите, буквално сите кога ни го кажа тоа. Потоа, заминавме веднаш на семеен мир каде Новак сакаше да има малку мир. Знаете, кога тој ќе одлучи да не игра тенис тоа значи и дека воопшто да го види, не сака да има ништо со таа игра. А, јас го сакам тенисот. Ги носев децата со нас, и и игравме тенис…И после 4-5 дена се појави и тој на терените. Ме виде како најдов една стара машина за тенис и како играм со неа. Стефан ги собираше топчињата и беше забавно за нас. Знам дека Стефан одеднаш почна да инсистира да игра тенис со тато. И така, малку по малку, на тој одмор почнавме да играме повторно тенис. И по десет дена, на крајот од одморот, рече дека ќе го побара Марјан Вајда и ќе го праша дали сака повторно да биде негов тренер. Се останато е историја“.

Се вчитува...