Јирген Клоп си доби сладок двојник (фото)

Млад фан на Ливерпул се маскираше во својот омилен менаџер за денот на „спортски донации“ во Англија и така отиде на училиште. Младиот Џеј го сподели својот костим на социјалните мрежи, а неговата фотографија стигна и до предводникот на „црвените“ Јирген Клоп, кој се чини дека е среќен што си доби свој двојник.

Џеј буквално го копираше германскиот стратег и неговиот претпознатлив стил кога е покрај терените, со капче и тренерка на Ливерпул, очилата, па дури успеа да направи и брада за повеќе да лини на него.

Сличноста е приметлива, па ако малиот Џеј ги следи стапките на својот идол во иднина може и самиот да го води својот омилен тим кон успеси.

Се вчитува...