Јирген Клоп замената за Емре Џан ја најде во Бурнемаут?

Германскиот интернационалец Емре Џан ќе го напушти „Енфилд роуд“ како слободен агент и ќе му се приклучи на Јувентус, но менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, веќе ја најде неговата замена за средниот ред на „црвените“. Тој го посакува Луис Кук, играчот за врска на Бурнемаут, и ќе понуди 20 милиони фунти ова лето за да го доведе во Ливерпул.

Се работи за капитенот на англиската репрезентација до 20 години, кој веќе доби повик од Герет Саутгејт и во сениорскиот национален тим на гордиот Албион. Луис Кук е еден од носителите на играта на Бурнемаут, до крајот на сезоната ќе се потруди да му обезбеди опстанок на својот тим во Премиер – лигата, а потоа би требало да се пресели на „Енфилд роуд“.

Покрај за Кук, Ливерпул покажува сериозен интерес и за Жоргињо, бразиилскиот играч за врска во Наполи кој поседува и италијански пасош.

Се вчитува...