Joаким Лев се враќа на фудбалот, следна дестинација е Турција!

Јоаким Лев повторно му се враќа на фудбалот, а овој пат после половина година без ангажман и разделбата со репрезентацијата на Германија, 61-годишниот стратег веќе е подготвен да седне на клупата на Фенербахче.

Турските медиуми пренесуваат дека Али Коч, првиот човек на Фенербахче пронашол спонзори за да го обезбеди потписот на големиот стратег.

Во изминатите 15 години Лев ја водеше Германија со која стигна и до титулата на Светското првенство во 2014 година.

Се вчитува...