„Јокиќ е најдобриот странец кој некогаш заиграл во НБА лигата“

Поранешниот центар на Бостон Селтикс, Кендрик Перкинс а сега стручен консултант во НБА, ја направи својата листа на најдобрите странски играчи кои некогаш играле во најсилната лига на светот.

Иако честопати беше познат по тоа што го критикуваше Никола Јокиќ, Перкинс го прогласи српскиот ас за најдобар на сите времиња на оваа листа.

„Јокиќ е најдобриот странец кој некогаш играл во НБА“, изјави Перкинс.

Јокиќ трипати беше избран за најдобар играч во лигата, го предводеше Денвер до првата и досега единствена титула во НБА во 2023 година, кога беше прогласен и за МВП на финалната серија.

На второто место на оваа листа според Перкинс е Хаким Олајџувон, кој со Хјустон освои два шампионски прстени. Гркот Јанис Адетокумбо е трет на листата, Германецот Дирк Новицки е четврти, а Аргентинецот Ману Џинобили е петти.

Се вчитува...