Екипата на Денвер нагетс во последниот натпревар пред стартот на новата сезона играше против ЛА Лејкерс, а Никола Јокиќ повторно ги воодушеви кошаркарските фанови со нов магичен потег.
Денвер славеше со 121:106, а потегот на натпреварот се случи во првата четвртина кога Јокиќ доби топка од Џамал Мареј во контранапад и притоа играч на Лејкерс се обиде да му ја одземе. Но, Јокиќ од речиси од средина на теренот од зад грб му дадоде на Тревон Бразиле кој со забивање ја заврши акцијата.
JOKIĆ BEHIND-THE-BACK DIME 🔥
What a pass from half-court in transition! https://t.co/50f7r35sS4
— NBA (@NBA) October 17, 2026
Јокиќ натпреварот го заврши со 17 поени, осум асистенции и шест скокови, додека Лука Дончиќ за Лејкерси даде 15 поени и имаше четири асистенции притоа играјќи само во првото полувреме.
Денвер новата сезона во НБА-лигата ќе ја започне на 22 октомври против Оклахома сити тандерс, додека Лејкерси ќе играат против Голден Стејт вориорс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
